Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Блокирани 700 фирми, не поделиле плата од јануари

9 ное. 2023 г.·2 мин читање·1058 прегледи

Следете не на Viber

Со исплата на платите за вработените доцнат 5.428 работодавачи, 1.912 повеќе од еден месец, а дури 700 се со заостаток уште од почеткот на годинава и нивните сметки се блокирани.

Овие податоци се од анализата на Управата за јави приходи за периодот од јануари до крајот на септември, а се засноваат на реализацијата на обврските со МПИН-пресметките што треба да ги достават фирмите за уплатата на придонеси и исплатата на нето-плата.

„Кај сите се преземени соодветни мерки за присилна наплата“, посочи директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

За септември 3.730 работодавци не поделиле плата на 8.673 работници, а 5.455 фирми воопшто не поднеле пресметка до УЈП за месечните примања на 8.462 вработени. Н

Вкупно 3.945 работодавачи доцнат со исплатата на платата. Најбројни или 241 се од угостителската дејност, 218 се од товарниот патен транспорт, 161 од адвокатските дејности, 141 од одржување и поправка на моторни возила, 130 фризерски и салони за убавина.

Инаку, најмногу доцнат обврзниците од скопскиот регион  – 1.552 на број. Од Скопје е и фирмата која има најголем број работници – 378, на кои им доцни платата. Се работи за компанија од дејноста чистење згради и објекти. И второрангираната е од главниот град со 148 работници од доменот на приватната заштита.

Клучни зборови

  • без плата
  • блокирани сметки
  • задоцнета плата
  • исплата на плата
  • плата
  • работници
  • работодавачи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk