Финансиските пазари се едни од најиновативните пазари кога станува збор за креирање и развој на нови производи и услуги. Целта на континуираниот развој на иновативни финансики производи е да се задоволат потребите на различните учесници на финансиските пазари. Со цел проширување на инвестициските можности како и можностите за тргување на најразлични видови на финансиска актива, во последните неколку декади создадени се најразлични видови на финансиски инструменти. Некои од почесто застапени инструменти кои претставувале значајна иновација се деривативни инструменти како што се опции (options) и фјучерсите (futures) чија што вредност е поврзана со вредноста на некоја реална актива. Исто така, секјуритизацијата е уште една иновација која овозможила претварање на неликвиден имот…