Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Блокади ќе има сѐ додека не се зголемат платите – Наредната е наменета за работодавачите

10 фев. 2026 г.·2 мин читање·1268 прегледи

Следете не на Viber

Блокадите и протестите ќе продолжат сѐ додека не се исполнат работничките барања за зголемување на минималната и на сите други плати, со што би се овозможило барем донекаде да имаат пристоен живот, најавија денес присутните пред Собранието. По 21 работник, распоредени на двата приода кон законодавниот дом утрово се обидоа да им го пресечат патот на пратениците кои со возила доаѓаат на работа. Целта им е да им се оневозможи, барем денес, да наплатат патни трошоци. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, утрово порача дека блокадата е директен одговор на двегодишното игнорирање на барањата за зголемување на платите.

„Како што им ветивме, денес по 21 човек на две локации ги блокираме за да не можат да дојдат со сопствените возила на работа. Да не можат да наплатат трошоци како да трошат керозин и да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз на своите работни места“, вели Трендафилов.

Како што наведе, според информациите со кои располага, голем дел од пратениците утрово дошле на работа пред 9 часот за да не се соочат со работниците.

„Се срамат од своите гласачи. Одбиваат да ги зголемат работничките плати, а во исто време се подготвени да си ги зголемат сопствените примања – прво за 9,2 проценти, а потоа и дополнителни 12,6 проценти“, рече тој.

Синдикалниот лидер побара од пратениците уште на денешната седница да предложат зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати работнички плати за најмалку 6.000 денари. Во спротивно, повтори дека ССМ ќе пристапи кон собирање на потребните 10 илјади потписи, со кои ќе стане овластен предлагач, и ќе предложи намалување на пратеничките и функционерските плати.

Наредниот протест е наменет за работодавачите. Во четврток под блокада ќе биде Стопанската комора на Македонија. Идниот вторник незадоволството ќе биде изразено пред Владата. „Се надевам дека претседателот на Владата и министрите, кои не се излезени од службените автомобили, ќе тргнат пешки до своите работни места и ќе поминат покрај работниците“, вели Трендафилов.

Клучни зборови

  • блокада
  • Собрание
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk