Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Блокчејн може да го промени начинот на кој компаниите купуваат и продаваат

6 авг. 2020 г.·2 мин читање·976 прегледи

Следете не на Viber

Што е тоа блокчејн? Едноставно кажано, блокчејн е технологија која ги запишува податоците по хронолошки редослед во една јавна, достапна за сите, сметководствена книга. Разликата е во тоа што податоците никогаш не се чуваат централно, но се дистрибуираат на повеќе компјутерски мрежи ширум светот. И бидејќи базата на податоци е дистрибуирана, ниту една страна не може да направи било каква промена. Ова го прави блокчејн идеален за дигитални валути, како што е познатиот биткоин. Се разбира, на традиционалното банкарство, ова не му оди во прилог. 

Потенцијалот за малопродажба е огромен, како и заштита на потрошувачите од измамнички трансакции со создавање на паметен договор кој ги задржува средствата сè додека и двете страни не се задоволни. Може да се користи и за намалување на другите видови измама и за градење доверба кај потрошувачите. Создава постојан запис за патувањето на производот од снабдувачот до клиентот, така што може да се докаже потекло и автентичност, и притоа да ја подобри видливоста на синџирот на снабдување. 

Блокчејн нуди можност за снимање на сите куповни трансакции. А, кога станува збор за лојалност на клиентот, како и за идејата за користење на блокчејн да се регистрираат поени за лојалност за шемите за награди, блокчејн овозможува подобро искуство на клиентите и за трговците на мало и размена на информации. 

Па, каде ќе не одведе ова во иднина? Блокчејн веројатно ќе биде дел од целиот животен циклус на производот, дури и преку следење на нови сопственици во случај на препродажба. И, иако е тешко да се изгради доверба во дивиот запад на денешниот интернет, блокчејн може да го реши проблемот со доверба што за трговците на мало преку Интернет може да биде само добра работа.

Клучни зборови

  • Биткоин
  • блокчејн
  • финансиска технологија
  • Финтек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk