Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бизнисот доби од Министерството за финансии онлајн-форма за иницијативи

17 окт. 2019 г.·2 мин читање·182 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за финансии креираше онлајн-форма преку која стопанските комори, фирмите и други правни субјекти и организации ќе можат да даваат предлози за решавање на проблеми со кои се соочуваат, а се во надлежност на Министерството.

Ова е реализација на ветувањето на министерката за финансии Нина Ангеловска што минатата недела им го даде на компаниите на средбата во Стопанската комора и е во насока на побрзо решавање на предизвиците со кои се соочува бизнисот и подобрување на бизнис окружувањето.

– „Вашите барања може да ги преточите во онлајн-форма, а Министерството за финансии детално да ги разгледа, да ги доработи и да излезе со конкретен одговор кога и како би можело да се реализираат. Владата мора да биде партнер на реалниот сектор ако сакаме да расте економијата, затоа што тој ги знае проблемите, а нашата задача и моја лична заложба ќе биде да му се олесни патот на реалниот сектор“ – истакна Ангеловска на средбата во Стопанската комора.

Министерството за финансии, со цел да обезбеди ефикасен и унифициран пристап во јавно-приватниот дијалог со компаниите, го искористи прашалникот креиран во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, чиј дел се четирите стопански комори.

Во онлајн-формата компанијата-предлагач на иницијатива, освен идентификација на проблемот и кус опис на моменталните околности, внесува и за кој сектор се однесува, како проблемот влијае врз конкурентноста, работењето и правната усогласеност на компаниите, какви се негативните финансиски импликации од него, со кои прописи е регулиран и кои државни институции се вклучени во негово решавање. Во онлајн-формата, компаниите треба да внесат и како проблемот е регулиран во други држави, како неговото решавање ќе ја подобри конкурентноста на компаниите и кои други квалитативни и квантитативни резултати ќе ги има, какви ќе бидат неговите фискални импликации и кои се предлог-решенијата на конкретниот проблем.

Онлајн-формата е достапна на веб страната на Министерството за финансии.

Министерството за финансии останува отворено за сите предлози кои доаѓаат од бизнис секторот да ги дискутира заеднички на состаноци, кои ќе ги остварува со приватниот сектор со редовна динамика.

Клучни зборови

  • е-трговија
  • Министерство за финансии
  • Нина Ангеловска
  • приватен сектор
  • Стопанска комора на Македонија
  • УСАИД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk