Со првите пролетни денови почнува масовната еуфорија за цвеќе. Независно дали ќе се засади во двор, ќе се стави во саксија на тераса, или пак на прозорец – цвеќиња мора да има. Од година во година се зголемува нивната понуда, разновидноста, достапноста… Речиси нема јунак што ќе издржи без да се поднови со по некоја садница. Во тренд се и разни нови видови дрвја, грмушки, зимзелени огради. Сето тоа може да се најде по пазарите, во расадниците, на социјалните мрежи. Садењето е хит до доцна есен!
Пари анализираше: Колку е исплатлив овој бизнис? Дојдовме до изненадувачки бројки. Постојат фирми што се занимаваат со цвеќе, а остваруваат приход поголем од еден милион евра. Секако, овие џиновски цвеќарници продаваат и цвеќ…