Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Бизнис план на УНИБанка – Повеќе депозити и кредити

22 фев. 2023 г.·2 мин читање·1749 прегледи

Следете не на Viber

Зголемување на активата, натамошен раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио се приоритетите кои УНИБанка АД Скопје ги има зацртано во работниот план за годинава.

Без оглед на неможноста да се предвиди текот на домашните и на светските случувања, во Банката, врз база на претходното искуство, постои уверување дека ќе се постигне зголемен раст кај депозитите. Се подготвуваат нови депозитни продукти, а вниманието особено е насочено кон трансакциските сметки и нивните потенцијални корисници, преку оптимизирање на административните трошоци.

Банката ќе се стреми и кон зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор зависно од преземениот ризик, како и кон влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. И натаму ќе се работи на подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и каналите за плаќање.

Во преден план се и развојот на знаењето и вештините на вработените, од кои зависи остварувањето на бизнис планот, во чиј фокус се потребите и интересите на клиентите.

Во Банката сметаат дека сето тоа ќе се постигне. Притоа, се посочува дека во ланскиот план за работа не биле предвидени последиците од енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, но сепак, за нив 2022 била успешна година. Конкретно, нето кредитното портфолио забележало раст од 4,7 насто, а и прибраните средства од финансискиот сектор биле за 106,5 проценти поголеми во споредба со крајот на 2021 година. Освен тоа, се реализирала и планираната емисија на перпетуална обврзница во износ од 2,5 милиони евра, која придонела за дополнително зајакнување на капиталната позиција на банката.

Клучни зборови

  • депозити
  • кредити
  • унибанка
  • УНИБанка АД скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk