Етаблираните друштва за управување со пензиски фондови: КБ Прво пензиско друштво и Сава пензиско друштво, минатата година заеднички заработија над 7 милиони евра. Друштвата за управување со пензиски фондови – задолжителни и доброволни, пред себе имаат голема одговорност, паметно да ги инвестираат парите на идните пензионери и да им обезбедат што е можно поголем принос. Тој рецепт е одлично исплатлив и за нив. Колку повеќе членови имаат, колку повеќе пари се слеваат во фондовите што ги управуваат, толку повеќе пари, преку законски надоместоци, ќе имаат и за себе. Во крајна линија, овие друштва се во приватна сопственост. И, нивната цел како и на секоја фирма, иако ова е сосема различна со посебни правила на игра, е – заработката. Токму тоа е во фокусот на анализата на порталот Пари – колку заработуваат друштвата што управуваат со пензиските фондови.
Експертите објаснуват дека овие добивки и парите што легнуваат на сметката на друштвата што управуваат со фондовите не треба да се мешаат со парите во самит…