Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Битиќи:Ако е потребно во мај или јуни ќе следи седми пакет економски мерки

5 мај 2021 г.·2 мин читање·1692 прегледи

Следете не на Viber

Треба да работиме на креирање на модели кои долгорочно ќе и помогнат на текстилната и кожарската индустрија да се подобри нивната состојба, а тоа може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период заедно ќе работиме со Организацијата на работодавачи, синдикатите, коморите и другите асоцијации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ја следиме состојбата со пандемијата и со економската криза во текстилниот и кожарскиот сектор и во сите други сектори. Императив ќе ни биде да излеземе од кризата со најмалку можни последици што значи да ги зачуваме сите работни места, но и да работиме да ги вратиме на пазарот на труд и тие кои ќе ги загубат своите работни места. Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка,рече Битиќи во одговор на прашање по увидот на зафатната градба на Хидросистемот Злетовица за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство Аријанит Хоџа.

Повтори дека Владата одамна кажала дека во оваа криза ќе го поддржи кој било работодавач или кој било работник.

-Ќе останеме заедно до крај додека излеземе од оваа криза. Тоа значи ако навистина е потребно, а веќе ги согледуваме последните финансиски податоци од април и движењата во различните сектори и дејности, во мај или јуни ќе излеземе со нов пакет, истакна Битиќи.

Во февруари, како што кажа, околу 11.900 компании со 38.000 вработени побарале економска помош, а во март нивниот број се намалил на околу 11.300 компании со 35.000 вработени.

-Се процесуираат последните барање, но сепак бројките укажуваат дека се намалува бројот на компании кои се корисници и бараат поддршка, како и вкупниот број на вработени кои се опфатени со финансиската поддршка на плати. Деновиве ќе направиме и анализа од кои дејности доаѓаат за да знаеме подетално со кои евентуално нови мерки би требало да се поддржат, прецизира Битиќи.

Клучни зборови

  • седми пакет мерки
  • Фатмир Битики
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk