Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Битиќи во „Лабараториум“: Иновативност и креативност за развој со додадена вредност

18 ное. 2023 г.·2 мин читање·987 прегледи

Следете не на Viber

Развојот на креативните индустрии генерира нови идеи, производи и услуги, кои ја развиваат културата на иновации, и добива се понагласено значење за регионалната и глобалната конкуретност на домашната економија. Оваа оценка произлезе при посетата на вицепремиерот Фатмир Битиќи на „Лабараториум“, компанија од делот на креативната индустрија, која во центарот на градот има простор наменет за развој на култура на иновации и креативност.

Притоа, сопствениците Дејан Милевски и Владимир Митрески го запознаа Битиќи си бизнис моделот базиран на иновативност и развој на креативноста и културното изразување.

„Ме радува тоа што младите добиваат ваков простор, кој создава можност за следните генерации, својата креативност да ја насочат во оваа индустрија која е во подем во светот и да создаваат додадена економска вредност овде во Северна Македонија“, рече вицепремиерот.

Како што нагласи, културните и креативните индустрии за првпат од осамостојувањето се опфатени со кохерентна стратешка рамка на културните и економските политики во Националната стратегија за развој на културата (2023-2027), која е во финална фаза на изработка, каде што се поставени во една од трите приоритетни области.

„Со ова правиме системски исчекор кон нивно разбирање не само од аспект на творечка и уметничка вредност, туку и од аспект на економскиот ефект кој може да го имаат во општеството“, рече вицепремиерот.

Клучни зборови

  • Битиќи
  • иновативност
  • креативна индустрија
  • лабараториум
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk