Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Битиќи: Со пад од 4,36% кај цените на храната – државата единствена во регионот и во Европа

18 ное. 2023 г.·3 мин читање·986 прегледи

Следете не на Viber

Поради енергетската криза, како и војната во Украина, растат цените на храната на светските пазари што се отсликува со зголемени цени на прехранбени производи и зголемена инфлација во регионот и Европа.

Навремено преземените мерки на Владата, како замрзнување на трговски маржи во трговијата, намалување на стапката на ДДВ од 10% на 5% кај основните прехранбени производи, субвенционирањето на електричната енергија на производителите на прехранбени производи, како и замрзнувањето на цените на основните производи во маркетите кои се со „гарантирана цена“, даваат реални резултати.

Поради сето ова, во октомври имавме пад на инфлацијата на 3,5%, од рекордните 19,8 во октомври минатата година. А денеска угледниот сајт www.tradingeconomics.com, забележува дека Северна Македонија е единствена во регионот и Европа со пад на цените на храна од 4,36%.

За споредба, во непосредното опкружување и регионот, Србија бележи раст на цените на храната од 10,5%, Албанија 7,8%, Бугарија 7,6%, Грција 9,93%, Косово 3,9%, Црна Гора 3,8%, Хрватска 8,7%, Романија 8,66%, Босна и Херцеговина 6,24%, Турција 71,99%, Словенија 7,32%.

Земено пошироко, Обединетото Кралство има раст на цените на храната од 10,1%, Германија 6,36%, Франција 7,8%, Италија 6,5%, Шпанија 9,5%, Холандија 7,8%, Белгија 9,46%, Австрија 8,36%, Чешка 3,7%, Полска 8%, Словачка 9%, Португалија 4,35%, Литванија 5,6%, Латвија 4,3%, Шведска 6,63%, Норвешка 8,54%, Швајцарија 3,3%, Ирска 7%, Исланд 11,7%, Финска 4%, Естонија 6,7%, Кипар 5,46% итн.

Ова е уште една потврда дека оваа Влада се грижи за граѓаните и граѓанките на оваа земја и дека прави максимални напори во борбата со растечките цени на храната на светските пазари со цел да го заштити животниот стандард, и истиот во исто време да го унапреди преку константно зголемување на пензиите, и на минималната плата, истовремено креирајќи поволна и предвидлива бизнис клима каде растот на платите во приватниот сектор ќе продолжи и понатаму.

Дополнително, со носење на новиот Закон за нефер трговски практики, ќе се ограничат појавите на волунтаристички и неетички бизнис практики, кои дополнително ќе ги заштитат граѓаните – објави вицепремиерот Битиќи на своите социјални мрежи.

Клучни зборови

  • македонија
  • пад на цени
  • Фатмир Битиќи
  • цени на храна
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk