Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Битиќи со Делегацијата на германското стопанство: Хармонизација на регулативата и поголема квота за увоз на работна сила

6 ное. 2023 г.·2 мин читање·1032 прегледи

Следете не на Viber

Унапредувањето на деловното работење на германските компании беше тема на работниот состанок на вицепремиерот задолжен за економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, со претставници на Делегацијата на германското стопанство (АХК).

За натамошното олеснување на работењето на извозно ориентираните производствени компании, значајна е хармонизацијата на македонската со царинската регулатива на Европската унија.

„Создавањето на инклузивно и динамично деловно опкружување, кое ќе води кон одржлив економски раст и развој, бара конзистентно следење, односно усвојување на европските стандарди и регулативи во делот на царинските тарифи. Хармонизацијата со европските царински тарифници во делот на основните суровини кои се употребуваат во производството, може да ослободи додадена вредност во нашата економија“, рече вицепремиерот Битиќи.

Либерализацијата на пазарот на работна сила, беше уште една од темите за која стана збор на работниот состанок со претставниците на дел од германските компании кои имаат инвестирано во земјава, при што вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата ја препознава оваа потреба со која се соочуваат како домашните така и странските компании, за што донесе и одлука да ја зголеми квотата на работни дозволи за странци.

„Со цел олеснување  на пристапот на домашните и странските компании во земјава до квалификувана работна сила која ќе може веднаш да се вклучи во производството, Владата на претходната седница донесе одлука за зголемување на квотата на работни дозволи за странци од 5.000 на 7.000 дозволи“, информираше вицепремиерот Битиќи, притоа истакнувајќи ја подготвеноста преку дијалог со стопанството да се продолжи во насока на понатамошно олеснување на достапноста на квалификувана работна сила и олеснување на процедурите.

Вицепремиерот ја истакна важноста од водењето на отворени и конструктивен дијалог преку работни средби, како оваа што се одржа со АХК, со странските компании кои имаат инвестирано во земјава, затоа што, оцени, тоа води кон поттикнување на економскиот раст и развој и создавање можности за достоинствено платени работни места.

Клучни зборови

  • АХК
  • Битиќи
  • Делегација на германското стопанство
  • деловни активности
  • соработка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk