Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Битиќи: Нереални се ветувањата на опозицијата за намалување на платите на функционерите

27 ное. 2023 г.·2 мин читање·1083 прегледи

Следете не на Viber

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денес порача дека е погрешно и нереално да се очекува дека со намалување на функционерските плати ќе се зголемат платите во јавниот сектор, како што ветува дел од опозицијата.

„И да ги намалиме платите на 1.260 именувани функционери, тоа нема да биде доволно за да се зголемат платите на 135 илјади вработени во јавниот сектор“, кажа Битиќи на денешната прес-конференција во Владата и додаде: „Се користат незадоволството и штрајковите на дел од јавниот сектор и се креира нереално очекување“.

Според Битиќи, ваквите нереални очекувања се производ на политичка партија, која, како што рече, и порано креираше такви заблуди. „Зборуваме за 1260 избрани и именувани лица. Дури и да дојде до такво нешто, тоа нема да биде доволно за да се покрие евентуалното зголемување на платите на 135 илјади вработени во јавниот сектор“, рече Битиќи.

Тој, исто така, посочи дека формираната работна група веќе има одредени предлози, но дека се уште се обидува да ги хармонизира со сите засегнати страни затоа што, како што нагласи, евентуалното намалување или интервенциите кај платите на избраните и именуваните лица се прави преку седум законски решенија.

Зголемувањето на платите за 78 отсто на над илјада функционери се случи со одлука Уставниот суд во март за укинување на членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што се одмрзнаа платите на функционерите, кои што од 2014 година беа фиксирани. Претходно, нивните плати се одредуваа со коефициент (во зависност од функцијата) кој се множеше со фиксна основица од 26.755 денари.

Оттогаш, основицата е просечната плата остварена во претходната година што ја утврдува Државниот завод за статистика.

 

 

 

Клучни зборови

  • плати
  • Фатмир Битиќи
  • функционери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk