Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Битиќи: Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните

21 мај 2021 г.·2 мин читање·781 прегледи

Следете не на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи поддржува враќање на прогресивниот данок, затоа што, како што вели тој, богатите станале уште побогати за време на пандемијата.  Ваквата реакција на вицепремиерот следува откако вчера претседателот на МАНУ, Таки Фити, рече дека потребна е финансиска консолидација и проресивен данок.

Битиќи смета и дека персоналниот данок треба да се намали во одредени дејности. Во моментов не е јасно дали одложеното прогресивно оданочување ќе се врати во 2023, но  Битиќи не ја исклучува можноста да биде воведено и порано. За даночните реформи најавува консултации кои најверојатно ќе траат шест месеци. Од дебатите со експертите ќе се знае дали има потреба и од воведување на кризен данок како што беше ситуацијата во 2001 година.

– Даночната реформа значи воведување на прогресивното оданочување, јас велам – зошто да не. Кризата покажа дека некои богати станаа уште побогати. Заради идеолошкото верување, сметам дека треба да има прогресивно оданочување. Богатите треба да платат и да вратат на посиромашните. Ако тоа значи воведување на нов данок за посиромашните, велам не, затоа што на нив им должиме за да излезат од прагот на сиромаштија и да почнат да живеат достоинствено, рече Битиќи.

Клучни зборови

  • богати
  • даноци
  • прогресивен данок
  • Фатмир Битики
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk