Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Вредноста на Биткоин се преполови од највисокиот рекорд на крајот на 2021-ва

9 мај 2022 г.·2 мин читање·820 прегледи

Следете не на Viber

Биткоинот (BTC) падна на тримесечен минимум во неделата, неколку дена откако крипто аналитичарите предупредија дека табелите за цени испраќаат сигнали за намалување.

Цената на биткоинот во моментов е 33.696 долари, односно повторно бележи пад и тоа за 2,96 проценти. Цената на БТК е во пад  веќе четири дена по ред.

Рано во неделата најголемата криптовалута се лизна на 33.710 долари, што е најниско од 24 јануари. Ако цената падне под 32.951 долари, ќе достигне ново ниско ниво – од јули 2021 година.

Биткоинот остана главно помеѓу 35.000 и 46.000 долари во последните неколку месеци, така што најновиот пад на цената може да го означи почетокот на новиот тренд на пазарот.

Популарните показатели за графиконите на цените беа надолни кон крајот на минатата недела, бидејќи цената на биткоинот се проби под линијата на растечки тренд за три месеци.

Извештајот на американското Министерство за труд во петокот покажа дека растот на вработеноста остана стабилен минатиот месец, на ниво што треба да продолжи да ги загрижува Федералните резерви за претесниот пазар на работни места. Како што се повеќе работодавци се натпреваруваат за работници, платите може да почнат да ескалираат, зголемувајќи ги инфлаторните притисоци и принудувајќи ја ФЕД побрзо да ги заостри монетарните услови. Неодамна, биткоинот реагираше негативно (заедно со акциите) на поагресивните дејства на централната банка на САД.

Највисокото ниво на сите времиња постигнато кон крајот на 2021 година беше 69.000 долари, така што падот на цената под 34.500 долари претставува корекција за повеќе од 50%.

Клучни зборови

  • Биткоин
  • пад
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk