Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Биди и ти дел од „Најдобрите на Југоистокот!” – Конкурс на Шпаркасе банка

28 окт. 2019 г.·2 мин читање·99 прегледи

Следете не на Viber
Шпаркасе Банка Македонија и годинава продолжува со проектот „Најдобрите од Југоистокот“, програма наменета за студентите од Северна Македонија.

Со програмата, Шпаркасе Банка им нуди можност на студентите да стекнат меѓународно искуство на еден од најстарите австриски универзитети, а притоа да го комбинираат со работна практика во една од најголемите банкарски институции во областа Штаерска, на која може да стекнат нови знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен професионален напредок.

„Поттикот и инвестирањето во младите амбициозни луѓе во Северна Македонија е најдоброто нешто што може една компанија да го направи за подобрување на општата бизнис-клима во својата земја. Искуството и препораката што студентите и дипломците ќе ги добијат за време на студиите и обуките е од големо значење за успешен почеток на нивната кариера, а понатаму ќе придонесе за развој на финансискиот сектор во земјава. Овој проект на Шпаркасе Банка Македонија е вистинско задоволство токму повеќе што секоја година има сè поголем број млади луѓе што се пријавуваат за учество во програмата. „Нека победат најдобрите!“ – изјави г-а Олгица Спасевска, директор на Службата за човечки ресурси во Шпаркасе Банка Македонија.

На добитниците на стипендијата ќе им биде обезбедено сместување, месечен џепарлак, покриен трошок за школарина на Универзитетот во Грац, интензивен курс по германски јазик, како и учество на разни социјални и културни случувања во текот на целата година. Покрај тоа, ќе се стекнат со обука и практика во европската реномирана банкарска групација, Шпаркасе Групацијата.

Рокот за пријавување е најдоцна до 5 декември 2019 година. Сите информации за програмата се достапни на веб-страницата на Шпаркасе Банка Македонија, како и на факултетите што се дел од проектот.

Клучни зборови

  • конкурс
  • студенти
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk