Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена Бубало

28 јун. 2025 г.·2 мин читање·1327 прегледи

Следете не на Viber

Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи денес, 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот.

Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај граѓаните и ќе го подобрат нивото на општото здравје.

Сесијата ќе биде прилагодена за сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците. Ќе можат да се вклучат и родителите со помали деца, бидејќи за најмладите е предвидено детско катче.

Дополнителна мотивација за фитнес ќе биде и поддршката од македонските диџеи – диџеј Брик и диџеј Александар Јорданов, кои ќе имаат свој настап во рамките на настанот.

Настанот е отворен за јавноста. Пријавувањето за лицата кои сакаат да вежбаат се врши на следниот линк: https://shorturl.at/L9IWe

Ова е веќе четврто издание на настанот во рамките на „РЕсет“ платформата, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на ментално и физичко здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области.

Минатиот месец се одржа работилницата за добросостојба во соработка со д-р Александар Митов, на која учесниците имаа можност да стекнат практични совети за здрава исхрана и управување со стресот, а претходно вакви работилници беа организирани и со алпинистиката Илина Арсова, како и со Борче Стаменов – Донирај компјутер.

Клучни зборови

  • За мое добро
  • Реплек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk