Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ангеловска-Бежоска: Шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

23 јун. 2020 г.·3 мин читање·206 прегледи

Следете не на Viber

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за порталот „Фактор”. Притоа посочува дека и од страна на меѓународните финансиски институции, и од страна на централната банка, повеќе пати е нагласено дека оваа монетарната стратегија во целост одговара на структурните карактеристики на македонската економијата и со определбата за економска и монетарна интеграција во Европската Унија. „Немаме дилеми дека по ова прашање одамна е постигнат општествен консензус.” – нагласува Ангеловска-Бежоска.

Во изјавата за „Фактор”, гувернерката накусо ги коментира и шпекулациите што беа пласирани во врска курсот на домашната валута. Притоа посочува дека појавата на шпекулации околу курсот на денарот не е никаква новина. Без исклучок, секогаш кога се соочуваме со некој шок, за жал тие се присутни.

„Шпекулативните тврдења поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи. Во услови кога адекватноста на девизните резерви се потврдува преку сите релевантни показатели, нерационално е да се зборува за промена на вредноста на курсот.” – изјави Ангеловска-Бежоска.

Притоа истакнува дека гаранција за стабилноста на курсот не е само високото ниво на девизни резерви, туку и широкиот инструментариум на мерки кои централната банка ги има на располагање и ќе ги искористи во одбрана на курсот, доколку е тоа потребно.

„Од економски аспект, промена на вредноста на курсот не може да донесе бенефит за економијата во целина. Напротив. Таа може само да ги зголеми обврските за плаќање на оние чијшто долг е деноминиран во странска валута, да ја намали куповната моќ поради пораст на цените и да го поскапи увозот од којшто многу извозници се зависни.” – порачува гувернерката.

„Интересно е што Народната банка во изминатите неколку години постојано откупуваше вишок девизи на девизниот пазар, со што ги зголемуваше девизните резерви на природен начин. Но, досега никој не шпекулирал за зголемување на вредноста на денарот, што покажува дека обидите за наметнување дебата за прашањето за курсот на домашната валута, за жал не секогаш се од економски карактер.” – вели Ангеловска-Бежоска.

Во изјавата за „Фактор”, таа е децидна дека јавноста треба да биде спокојна – денарот останува стабилен.

Оцената дека монетарната стратегија на Народната банка за девизниот курс на денарот е соодветна за македонската економија, веќе години наназад, во рамки на своите согледби ја истакнува и ММФ. Неодамна, ваквата оцена беше посочена и од шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле. Тие истакнаа дека курсот на денарот е клучно сидро на макроекономските политики.

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

Клучни зборови

  • бежоска
  • валута
  • вредност
  • денар
  • курс
  • показатели
  • шпекулации
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk