Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Безбедни ли се парите во банките!?Можно ли е осигурување на депозитите до 100 000 евра?

28 мај 2021 г.·2 мин читање·1975 прегледи

Следете не на Viber

Со укинување на член 163 од Законот за банки кој превидуваше фондот за осигурување на депозити да има приоритет при обештетувае на штедачите со депозити до 30.000 евра во пропадната банка, се создаде вакуум простор, а тоа неминовно пројави и страв кај штедачите за нивните заштеди. Иако Владата веднаш побара од Министерството за финансии да изнајде ново законско решение, што ќе се случи кога одлуката на Уставниот суд ќе биде објавена јуни во Службен весник никој не може да одговори.

-Зголемување на прагот на осигурените депозити, кој во моментов изнесува 30.000 евра, и е далеку понизок од оној во земјите од Европската унија е една од опциите. Упатените, за Дојче Веле предупредуваат дека евроинтеграциите на земјата ќе ја направат оваа реформа неминовна:

„Во земјите од Европската унија, депозитите во банките се осигурани преку фондовите во износ од 100.000 евра. Во некои држави пак воопшто и нема ограничување на оваа сума. Кога ќе влезе во ЕУ, Северна Македонија ќе мора да го зголеми лимитот на 100.000 евра, преку фондот за депозити кои би биле гарантирани и тоа е обврска. Дали кога би започнале со преговори за членство или кога би станале полноправна земја членка, но мора да се оди до таа сума. Кај нас во меѓувреме останува веројатно тој износ од 30.000 евра, иако се разгледуваат и опции за коригирање, што мислам дека би било добра опција“, според информацијата објавена на Дојче Веле.

Еуростандард Банка не е прв случај. Ваква или слична судбина во изминативе три децении имаа уште четири банки, Алмако Банка, Радобанк Скопје, Експорт импорт Банка, Македонска Банка. Во списокот на ризични настани од формирањето на Фондот за осигурување на депозити во јануари 1997 година до 31.12.2019 година, освен петте банки се регистрирани и случаите со шест штедилници. Вкупната пресметана обврска за обесштетување од единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1 милијарда 522 милиони денари, а досега преку Фондот се исплатени 90,2% од обврските.

Клучни зборови

  • банки
  • депозити
  • фонд за осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk