Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Бесплатно студирање, сѐ до вработувањето! Бреинстер Некст колеџ почна со упис на нови студенти

4 мар. 2024 г.·3 мин читање·3069 прегледи

Следете не на Viber

Со нова инвестиција од 1.2 милиони евра, практичниот ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) повторно им ја нуди уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“ на сите студенти и за новата уписна година.

Веќе трета година по ред, овој факултет на сите студенти им нуди можност да го завршат факултетот без да платат денар, а да почнат со исплаќање на школарината по дипломирањето или вработувањето, на бескаматни рати.

Генералниот менаџер на Бреинстер Некст колеџ, Александар Клашниновски вели дека целта на овој модел на студирање е да им овозможат на најдобрите матуранти без разлика на финансиските можности да добијат пристап до квалитетно и практично ИТ-образование.

„Овој модел ја демонстрира и довербата што ја имаме не само во нашите студенти туку и во квалитетот на сопствените студиски програми, бидејќи сме сигурни дека нашето уникатно и практично образование ќе ги опреми сите дипломирани студенти со релевантно знаење за потребите на ИТ-индустријата“, вели Клашниновски.

Тој потенцира дека дури 58% од досега запишаните студенти на Бреинстер Некст колеџ, ја користат оваа финансика поволност.

Факултетот има образовна методологија креирана согласно потребите на глобалната ИТ- индустрија. Фокусот е на праксата со цел студентите да се здобијат со практични вештини кои ги бараат ИТ и технолошките компании. Работа на реални проекти и пракса во ИТ-компании, целосно имплементиран предмет во соработка со компанија партнер од индустријата, учество на хакатони на кои за 48 часа прават апликации се само дел од предизвиците со кои се соочуваат студентите уште во првата година.

Приемниот тест за упис, како основен услов за студентите да се стекнат со поволноста „Студирај сега, плаќај по вработување“ е веќе отворен и ќе биде достапен до крајот на март.

Тој важи за упис и на двете студиски програми – Софтверско инженерство и иновации и Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Александар Клашниновски
  • Бреинстер Некст
  • ИТ-факултет
  • плаќај по вработување
  • Студирај сега
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk