Македонска берза го продолжи бесплатното користење на „eTrader” за инвеститорите
Borjan1 мин читање
Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО до крајот на годината, односно до 31.12.2020 година.
За подетални информации околу користење на „eTrader”, Македонска берза ги упатува инвеститорите да се обратат кај својот брокер.