Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЕдукација

Бесплатни испити за дигитални вештини наменети за средношколци од сите градови низ земјава

15 мар. 2023 г.·3 мин читање·3162 прегледи

Следете не на Viber

Во рамки на годишната кампања од општествена одговорност „Подаруваме знаење“, првиот едукативен центар за компјутерска обука во Македонија, Семос Едукација, подари  бесплатни официјални испити, за сите заинтересирани ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во земјава.

Над 100 средношколци имаа можност да полагаат бесплатни официјални испити од вендорите Microsoft, Adobe и Autodesk, кои ќе им помогнат во изборот на идна кариера, како и во нивниот професионален развој.

Пријавените ученици од сите градови низ земјава, помеѓу кои: Неготино, Делчево, Охрид, Тетово, Кочани, Куманово, Велес, Скопје… имаа можност да ги валидираат своите вештини и да го потврдат своето знаење преку полагање на овие испити.

Овие светски признаени испити имаат за цел да го потврдат стекнатото знаење и дигиталните вештини, кои учениците ги поседуваат и да ја насочат нивната кариерна патека, да ги потикне и понатаму да продолжат со образование во соодветна област и да се специјализираат во одредена индустрија.

„Кога децата се на возраст од  15 до 20 години, тогаш почнуваат да си ги поставуваат првите прашања со што сакаат да се занимаваат во иднина. Оттука и се одлучивме за кариерно советување, со цел детето да се поддржи во истражувањето на своите интереси и кариерните опции”, вели Елена Мирчевска, дипломиран психолог и сертифициран GCDF кариерен советник во Семос Едукација, која беше гостин на тестирањето и имаше онлајн презентација за кариерата и кариерните патеки.

Целта на оваа благородна мисија е да се едуцираат успешни млади генерации, кои се подготвени да се справат со сите предизвици кои ги носи дигиталното опкружување.
Изборот на кариера е еден од најважните избори за секој млад човек, кој никогаш не е доцна да се направи, бидејќи знаењето и упорноста секогаш водат до посакуваната цел.

„Менуваме животи“ е мотото на Семос Академиите со цел да се отвори патот на младите луѓе кон најперспективните ИТ и креативни професии и да им помогне во креирањето на успешна иднина.

Клучни зборови

  • едукативен центар за компјутерска обука
  • Семос Едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk