Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими: Поедноставена, децентрализирана постапка за вработување во јавниот сектор, со поголема одговорност на раководните лица

22 дек. 2023 г.·2 мин читање·1073 прегледи

Следете не на Viber

Од 1 јануари следната година се воведува системска промена во процесот на вработување во јавниот сектор, преку поедноставување на постапката и нејзино децентрализирање на микро ниво, односно на ниво на менаџмент на институцијата во која треба да се реализира вработувањето.

Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новинари, на која посочи дека ова е предвидено со измени во Законот за буџети кој е во собраниска процедура.

„Преку новата поедноставена постапка процесот на вработување во јавниот сектор ќе се врши врз основа на одобрен план за вработување во буџетскиот корисник или институцијата и врз основа на изгласаниот Буџет во Собранието, надополнето со изјава од страна на раководното лице на институцијата за обезбедени средства за вработување за која сноси одговорност“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека на ваков начин се децентрализира процесот и се алоцира одговорноста на микро ниво, на ниво на менаџментот во институцијата во која се реализира вработувањето и дека таа одговорност се зацврстува со изјавата што ќе се потпишува од страна на раководното лице во Агенцијата за вработување или Агенцијата за административни службеници, во зависност каде ќе се објава огласот.

„Станува збор за сериозна реформа во постапката за вработување, која се децентрализира процесот и ќе се подобро управување со човечкиот капитал. Постапката која има контролни механизми, односно нема да може да се објави оглас без тоа да е одобрено во Планот за вработување“, потенцира министерот.

На средбата со новинарите посочи дека оваа новина ќе почне да се применува од 1 јануари 2024 година.

На средбата со новинарите се осврна на прашањето со вработување во здравствениот сектор, при што посочи дека се бара одржливо решение, дека се води комуникација на дневно  ниво, се разгледуваат сите опции и ќе се креира решение според потребите.

Во однос на прашањето за платите на вработените во Министерството за финансии посочи дека се чека на одлуката на Уставниот суд, но дека Министерството за финансии останува на претходниот став во однос на платите на вработените.

Клучни зборови

  • Министерство за финансии
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk