Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими: Интензивно се дискутира за утврдување заедничко системско решение за раст на платите во јавната администрација

14 јун. 2023 г.·2 мин читање·831 прегледи

Следете не на Viber

Системско решение заеднички усвоено и дефинирано со синдикатите е единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите на вработените во јавниот сектор. Парцијално или индивидуално решенија ќе го оневозможи  тоа системско решение, кое е неопходно во правец на континуриан раст на платите.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во изјава за медиумите и посочи дека во таа насока во рамки на Економско-социјалниот совет се водат интензивни разговори и се очекува да се усогласи и дефинира методологијата.

„Во рамки на Економско-социјалниот совет интензивно дискутираме со синдикатите за изнаоѓање решение кое ќе значи воспставување методологија и ќе биде системско решение кое ќе ги заштити вработените во јавниот сектор и нивниот стандард во однос на инфлацијата.  Се работи на усогласување и потпишување на Општ колективен договор, кој ќе важи за сите вработени во јавниот сектор. Процесот е дефиниран, преговорите се водат и очекуваме да се усогласиме и да се заокружи целиот процес и методологијата“, истакна министерот Бесими во изјава за медиумите и посочи дека договореното решение ќе има транзиторна примена, односно период на приспособување.

Министерот потенцира дека платите на вработените во јавниот сектор имаат раст и оваа година, а таквиот раст ќе продолжи и во иднина преку системското решение, кое заедно ќе се утврди со синдикатите.

Тој потенцира дека е клучно да има системско решение, кое ќе го дефинира статусот и ќе го заштити стандардот на вработените, а воедно ќе ја следи продуктивноста на нашата економија.

Според министерот тоа ќе претставува системско решение, како и решението за минималната плата и пензиите. Покрај разговорите за Општиот колективен договор се работи на законско решение за платите во јавниот сектор. Она што се работи, како што наведе министерот, е во насока граѓаните и стопанството да имаат ефикасна и професионална јавна администрација.

Клучни зборови

  • министерот за финансии
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk