Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими: 7,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ за заеднички железнички премин на Табановце

14 дек. 2023 г.·2 мин читање·454 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за финансии преку Европската банка за обнова и развој и ЕУ обезбеди 7,5 милиони евра за реализација на проектот за воспоставување заеднички железнички премин – Табановце. Договорот е потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу,

„Потпишавме Договор за заем од  Европската банка за обнова и развој за реализација на овој значаен инфраструктурен проект кој е насочен кон подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура во земјава и подобрување на меѓународната соработка и поврзаност со соседна Србија, со која всушност заеднички ќе се изведува овој проект“, рече министерот Бесими по потпишување на Договорот.

Тој потенцира дека ова е само дел од напорите што ги прави Владата и Министерството за финансии за обезбедување финансиски средства за реализација на развојни проекти, кои ќе придонесат кон остварување забрзан и одржлив раст на земјата, а со тоа и приближување кон стандардот на ЕУ.

Со потпишаниот договор се обезбедуваат 5 милиони евра од ЕБОР за реализација на овој проект, за кој се обезбедени и 2,5 милиони евра грант од ВБИФ инвестицискиот фонд на ЕУ.

„Ова е само дел од долгата листа проекти на кои посветено работиме во изминатиот период за да обезбедиме финансиски средства за нивна реализација, а кои ќе обезбедат одржлив раст и позабрзана конвергенција кон ЕУ. Обезбедените  7,5 милиони евра за реализација на овој проект, се дел од големиот пакет од над 700 милиони евра за реализација на крупни инфраструктурни проекти, а за кои беа усвоени и законските решенија оваа недела во Собранието. Дополнително за истакнување е дека во рамки на Буџетот за наредната година се планирани 733 милиони евра за капитални расходи“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека покрај овие средства за развојни цели, обезбедени се средства и од над 250 милиони евра и за справување со кризата.

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • ЕУ
  • железнички премин
  • Табановце
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk