Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

21 дек. 2023 г.·2 мин читање·109 прегледи

Следете не на Viber

Владата и Министерството за финансии овозможија пристап до нов  дополнителен капитал од 50 милиони евра за домашните мали и средни претпријатија за своите инвестиции. Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија, а до крајните корисници ќе бидат достапни преку деловните банки во земјата. Средствата се обезбедени преку Француската развојна банка, со која денеска беа потпишани договори од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов. Договорот од страна на Француската развојна банка го потпиша Матје Васер, директор за Европа и Азија во Агенцијата.

„Со договорите што ги потпишуваме, Владата и Министерството за финансии овозможуваат пристап до нови свежи пари за домашните компании во износ од 50 милиони евра наменети за зелени и општествено одговорни инвестиции. На овој начин ја прикажуваме грижата за поддршка на компаниите со поволни средства на нивната ликвидност и поддршка на нивните инвестиции преку средства по поволни услови, рече министерот Бесими.

Корисници се малите и средните претпријатија, кои се и најбројни во земјава и со најголем број од вработените.  Средствата од Агенцијата се доделуваат на Развојната банка на Северна Македонија која пак ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до крајните корисници, односно компаниите“, рече министерот по потпишување на договорите.

Тој додаде дека ова е надополнување на поддршката што ја добиваат компаниите во континуитет и дека тие имаат сигурен партнер во Владата.

„Македонските домашни компании, особено малите и средините претпријатија имаат сигурен партнер во Владата и тоа се покажа и за време на кризата кои добија значајна поддршка преку донесените пакети антикризни мерки. Во тек е имплементација на 9-от пакет антикризни мерки во кој позначајна е поддршката токму за овие компании во износ од близу 500 милиони евра“, рече Бесими.

Клучни зборови

  • зелени инвестиции
  • Матје Васер
  • Министерство за финансии
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk