Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Берзата во август: Петте најтргувани акции со удел од 46,2 отсто во вкупниот промет

4 сеп. 2025 г.·3 мин читање·2311 прегледи

Следете не на Viber

Пониска пазарна капитализација за помалку од половина процент и помалку реализирани трансакции за 16,04 отсто. Основниот берзански индекс МБИ10 се поместил за плус 0,02 насто – на 10.456,70 поени. Прометот е зголемен за 43,44 проценти и достигнал ниво од 515.344.132 денари, односно 8,8 милиони евра. Во тој износ петте најтргувани акции зафаќаат 46,2 отсто. Македонска берза излезе со податоците од забележаните движења во август.

Првите пет акции кои биле во фокусот на инвеститорското внимание, оствариле заеднички промет од 238.217.327 денари (3,87 милиони евра). Меѓу нив, по повеќемесечна пауза, е и хартијата од вредност издадена од Македонијатурист, а во вториот дел од табелата е потисната акцијата на НЛБ банка.

На челните позиции нема промени, иако дневните берзански показатели често беа во црвено.

Во споредба со ланскиот август, прометот со акцијата на Комерцијална банка е опаднат за триесеттина проценти. Минатиот месец купопродажбата на акции донела 108.128.668 денари или 1,75 милиони евра (2,47 милиони евра во август 2023). Притоа, цената се движела од минималните 28.000 до максималните 28.900 денари, а просечната вредност е 28.380,23 денари. Истргувани се 3.810 акции во 394 трансакции, а учеството во вкупниот промет е 39,91 процент, трансакции 394 / лани 2.477.566 евра

Преку 285 трансакции, во август биле истргувани 3.059 акции на Алкалоид. Притоа, крајниот резултат, односно прометот е 80.877.700 денари, што е еднакво на 1,31 милион евра (скоро 16% повеќе од ланскиот август), со удел од 29,85 отсто. Ценовните движења се од најниските 25.900 до највисоките 27.000, а просекот е 26.439,26 денари.

Третата позиција Македонијатурист ја обезбеди со пет трансакции, во кои се продадени, односно купени 2.830 акции. Просечната вредност е 10.209,01 денар (мин 10.200, мах 10.500) за акција. Остварениот промет е во износ од 28.891.500 денари (469.431 евро), а во вкупниот промет партиципира со 10,66 проценти.

Највисоката августовска вредност на акцијата од Стопанска банка Скопје била 2.900 денари, најниската 2.795, а средната вредност е 2.837,51 денар. Од истргуваните 4.176 акции генериран е промет од 11.849.461 денар (192.572 евра), со учество од 4,37 проценти. Евидентирани се 70 трансакции.

Меѓу најпопуларните пет, акцијата на Макпетрол е најскапа. Минатомесечниот просек е 116.027,37 денари, а до него е дојдено помеѓу минималната цена од 115.000 и максималната од 116.500 денари. Во 29 трансакции се истргувани 73 акции. Прометот од 8.469.998 денари, односно 137.684 евра, е за 67 отсто понизок од август 2024 година. Во вкупниот промет придонесува со 3,13 проценти.

Меѓу берзанските показатели, според процентуалниот раст од 387,3 насто се издвојува прометот остварен преку блок-трансакциите. Од јулските 26.626.232 денари (432,9 илјади евра) на 129.750.016 денари (2,1 милион евра) во август. Бројот на блоковите исто така е зголемен, од четири на седум, а месечната промена е 75 проценти.

Пазарната капитализација на Македонска берза во август е 358.112.075.856 во денари и над 5,8 милијарди во евра.

Клучни зборови

  • билтен август
  • Македонска берза
  • најтргувани акции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk