Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бензинот поевтинува од вечерва на полноќ

19 окт. 2020 г.·2 мин читање·3625 прегледи

Следете не на Viber

Бензинот поевтинува од вечерва на полноќ

Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на малопродажните цени на горивата во нашата земја, од вечерва на полноќ стапуваат нови цени со што бензините поевтинуваат, додека дизелот останува непроменет. Според оваа одлука се прави поевтинување во просек од 0,41 процент во однос на цените кои беа утврдени минатата недела.

Така, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 доживуваат намалување на цената за половина денар од литар гориво во однос на минатата недела. Тоа значи дека од ноќеска на полноќ литар гориво Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 59 денари за литар, односно 61 денар за литар гориво Еуросупер БС-98.

За разлика од бензините, малопродажната цена на Еуродизел не се менува, односно останува на истото ниво како и минатата недела, а тоа е 50,50 денари за литар гориво.

Од Регулаторната комисија истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 2,515%, додека кај дизелот има зголемување за 0,074%.

Клучни зборови

  • бензин
  • Цена на горива
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk