Автор: Стручен соработник на Пари
Извор на фотографија: Freepik
Во финансиската литература, фразата „бели слонови” се однесува на градби или инфраструктури кои имаат мала практична употреба или нивната вредност е многу ниска, а најчесто нивната градба и одржување се надвор од секоја економска исплатливост. Попрецизно, „белите слонови” реферираат на проекти кои имаат негативен социјален поврат. Тоа може да биде изградба на патишта, железници, болници, образовни центри и сл. Во една ваква конотација може да се каже дека Македонија е ризница на „бели слонови”. Почнувајки од еден куп објекти уште од времето на Југославија кои зјаат празни, имаат многу мала искористеност, а повеќето воопшто не се функционални и економски се тотално неисплатливи за инвестирање и рестартирање, па се до поновата група на „бели слонови” пред се од времето на проектот Скопје 2014, недовршениот автопат кон Охрид, модерната железница до Грција, гасификацијата и уште ред други „капитални…