Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бектеши за наметнатата такса за гасот: Ќе бараме отштета од Бугарија и заштита од ЕУ

25 окт. 2023 г.·3 мин читање·748 прегледи

Следете не на Viber

Таксата што ја воведе источниот сосед ќе ја зголеми цената на гасот што го користат македонските компании. Но, уцени нема да бидат дозволени, категоричен е министерот за економија, Крешник Бектеши, и најави дека ќе бара отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ, затоа што другите држави од соседството имаат можност да се снабдуваат со гас и од други извори. Сепак, смета, Бугарија не може да воведе еднострана такса за рускиот гас.

Оттаму, државата инсистира веднаш да се ослободат капацитетите и снабдувањето да е можно и од други извори. Како Азербејџан и терминалите од Грција. Уцени за начинот како Македонија ќе ги инвестира и диверзифицира своите извори на снабдување, не се прифатливи од никого, тврди Бектеши.

„Ако си мислат дека на ваков начин може да не уценат, тоа нема да им помине и ние ќе продолжиме да ги диверзифицираме изворите на снабдување. И тука нема да има компромис. Во делот на ослободување на капацитетите, тоа се начела на либерализација што ги бара ЕУ. Не може таксата да важи само за една земја – рече Бектеши.

Никој не се меша во нивната фискална политика и во воведување дополнителни такси, потенцира министерот, затоа што секоја држава има право да воведува внатрешни такси. Но, неприфатливо е да се уцени друга држава на ваков начин, а тоа е спротивно и на европските начела.

„Република Србија и другите држави може да користат други извори, освен рускиот гас, за да бидат снабдувани. Во однос на нашата држава, тие сами ги давале во закуп на ‘Газпром’ до 2030 година сите количини, освен последните што беа ослободени. Затоа бараме веднаш да се ослободат капацитетите и ние да бидеме снабдувани и од други извори, вклучувајќи го тука и Азербејџан, а зошто да не и преку терминалите од Грција“, вели Бектеши.

Според неодамна усвоената бугарска регулатива, воведена е такса од 10,76 долари за 1.000 кубни метри руски природен гас испорачани преку нејзината територија со гасоводот „Балкански тек“. Очекувањата им се дека тоа ќе им донесе 1,3 милијарди евра, со што за една година ќе се исплатат трошоците од изградбата на гасоводот.

До крајот на годината, според очекувањата на министерот, ќе почне изградбата на новиот гасовод со Грција, кој за Министерството е приоритет, а целосно е поддржан од ЕБОР и ЕИП.

Клучни зборови

  • бугарија
  • гас
  • гасовод
  • руски гас
  • такса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk