Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бектеши: Сите што трошат до 630 киловати ќе имаат пониски сметки за струја

26 дек. 2023 г.·2 мин читање·1417 прегледи

Следете не на Viber

Мнозинството граѓани ќе плаќаат пониски сметки за струја како корисници во првиот и вториот блок, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, коментирајќи ја одлуката на РКЕ за новите цени што ќе важат од први јануари идната година.

На сметка од 2.000 денари, ако тарифата за дистрибутивната мрежа моментално е речиси двојно од тоа што се плаќа за електрична енергија, таму има намалување од 27 проценти. На 1.000 денари намалување од 27 проценти е 270 денари и ако плаќаш надомест од 200 денари, значи имаш намалување од 70 денари. Да не зборуваме за сметки поголеми од 1.000 денари“, ги наведе примерите Бектеши, појаснувајќи дека граѓаните од првиот и вториот блок кои трошат до 630 киловати ќе добијат пониски сметки на струјата, посебно во делот на дистрибутивната мрежа и посебно во потрошувачката на електричната енергија.

Предвид е земена просечната потрошувачка на струјата на повеќето домаќинства во државата, посочи министерот, нагласувајќи дека Владата речиси две години работи врз намалувањето на трошоците за подобар животен стандард. Мерката е во интерес на граѓаните, посебно на оние со потпросечни приходи во семејствата.

„Затоа е одлучено во првиот и во вториот блок, кумулативно ако ги земете како податоци, да има намалување, а во делот на давачката за дистрибутивната мрежа, тоа е задоцнета одлука на РКЕ, воедно и на другите институции кои би можеле да влијаат врз секторот енергетика“, наведе Бектеши, повторно укажувајќи дека има активни и пасивни потрошувачи на струја, иселеници со по два – три стана, со викендици…, кои секогаш имаат пристап до електричната енергија, а трошоците за дистрибутивната мрежа ги плаќаат граѓаните кои се потрошувачи на дневна основа. За вториве, струјата ќе биде поевтина за над 20 проценти, зато што ќе биде намалена дистрибутивната мрежа, „што значи дека тие во првиот и во вториот блок ќе плаќаат пониски сметки за електрична енергија, а тие се мнозинство во државата“.

Клучни зборови

  • Крешник Бектеши
  • нова цена на струја
  • поевтина струја
  • први јануари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk