Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Бектеши бара нови преговори за една од стратешките енергетски инвестиции – и досега користела државна помош

9 фев. 2024 г.·2 мин читање·4007 прегледи

Следете не на Viber

Повторно да се преговара за една од трите стратешки инвестиции во областа на енергетиката, побара министерот за економија Крешник Бектеши. Без да именува за кој од предлозите што веќе ја почнаа собраниската процедура се работи, посочи дека досега е доделена државна помош за истата инвестиција.

Преговорите за овие стратешки инвестиции ги водела посебна владина комисија, па Министерството и неговите претставници не учествувале во тој процес. Сепак, нагласи Бектеши, „имаме забелешки јас лично и мојот експертски и советнички тим и бараме да се репреговара со стратешкиот инвеститор за една од инвестициите“. За другите две стратешки инвестиции, наведе, нема забелешки.

„За мене е спорно, а тоа го слушаме и од експертите и анализите кои ги правиме, за лиценцирани, рентабилни, профитабилни инвестиции да се дава директна државна помош од страна на Владата. Мислиме дека таквите инвестиции кои веќе имаат еден вид државна помош, индиректна, било тоа да се фидинг тарифи или договори за откуп на електрична енергија, веќе ја користат државната помош од страна на Владата“, нагласи министерот, кој додаде дека не е познат ваков пример ниту во регионот, ниту во други држави, една инвестиција да користи неколку вида државна помош.

Предложените закони за стратешките инвестиции поттикнаа реакции во стручната јавност. Здружението на инженерите предупреди дека со четирите предложени законски текстови и со договорите што ги предвидуваат, државата ќе го загуби енергетскиот суверените, ќе плаќа поскапа електрична и топлинска енергија од пазарните вредности, ќе мора да ја откупува и непроизведената струја… Освен тоа, имаше и приговори дека странците се јавуваат на јавните владини повици исклучиво заради државната помош и бенефициите.

Клучни зборови

  • Државна помош
  • Крешник Бектеши
  • стратешки енергетски инвестиции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk