Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БДП со трипроцентен раст во првото тримесечје

3 јун. 2025 г.·3 мин читање·1281 прегледи

Следете не на Viber

Годишен раст од три проценти е регистриран кај бруто-домашниот производ на крајот од првото  тримесечје. Растот е и поголем – 3,2 проценти гледано од аспект на сезонски и календарски прилагодените податоци.

„Според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува Евростат.
Со тоа, практично, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска“, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски.

Во првите три месец од годинава, поголеми движења измерени со 7,1 насто, Државниот завод за статистика забележал во градежништвото и стручните, научни и технички дејности; како и кај административните и помошни услужни дејности. Во секторот информации и комуникации растот е за 4,8  проценти.

Исто така, во првиот годинешен квартал раст од 7,1 процент, но номинален, има финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата. Учеството во структурата на бруто-домашниот производ е 69 проценти.

Од ДЗС информираат дека во тој период извозот на стоки и услуги номинално е зголемен за 1,4, а увозот на стоки и услуги за – 4,8 насто.

„Овој раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината, кој секогаш е најслаб, би рекол и најпредизвикувачки“, оцени премиерот Кристијан Мицкоски, кој вчера ги најави очекувањата дека „првиот квартал од оваа година ќе покаже едно консолидирање“. Уште повеќе, нагласи дека според процентот на раст на БДП може „да бидеме во првите пет-шест економии во Европа“.

Сепак, истакна, доколку целта е до 2030 година да бидеме повисоко на европската економска скала, тогаш мора „да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4 проценти“.

Тоа, вели Мицкоски, не зависи само од нашите внатрешни параметри, туку и од екстерните фактори. „Имајќи предвид дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4 проценти, тогаш можеме да кажеме дека ние сме два и пол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2 проценти“. Притоа, наведе податоци кои, како што рече, можеби ќе бидат интересни: „Да речеме Белгија е 1,1 процент, Германија е 0 проценти, Естонија е 0,1 процент, Франција 0,6 проценти%, Италија е 0,7 проценти, Латвија е -0,3 проценти, Унгарија е -0,4 проценти, Австрија е -0,7 проценти, Романија е 0,5 проценти, Словенија е -0,8 проценти, Словачка е 1 процент, Финска е 0,8 проценти, соседна Србија во првиот квартал е 2 проценти…“.

Целта беше на оваа Влада да ги решиме дупките во продуктивноста и вработувањето, но она што е важно, дека покажавме дека државата конечно функционира, нагласи Мицкоски.

Клучни зборови

  • БДП
  • бруто домашen производ
  • Државен завод за статистика
  • раст
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk