Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СОДРЖИ ЧИСТА СИЛИКОНСКА АНОДА: Создадена прва комбинирана батерија со високи перформанси за електромобилите

30 сеп. 2021 г.·2 мин читање·2221 прегледи

Следете не на Viber

Научници од Универзитетот на Калифорнија, со стручни лица од Сан Диего и компанијата „Ел-џи“ успеаја да создадат стабилна батерија со високи перформанси, со чиста силиконска анода. Научниот труд говори дека за време на експериментот било можно да се комбинираат две технологии за производство на батерии за електрични возила – во една.

Меѓународен тим научници ја создаде првата комбинирана батерија со високи перформанси за електрични возила. Пронајдокот е образложен во списанието „Сајенс“.

Првичните тестови покажаа дека „батеријата на иднината“ е безбедна, издржлива и енергетски ефикасна. Според експертите, таа може да се користи и во самостојни електрични системи.

Научниот напис наведува дека силиконските аноди се познати по својата густина, т.е. концентрација на енергија, што е десетпати поголема од онаа на јаглеродните аноди. Проблемот со тврдите батерии е што кога се користат во студено време, потребно е да се потроши дополнителна енергија за да се подигне температурата. Според наводите, силиконската анода ги надминува овие проблеми. Новата батерија овозможува и побрзо полнење на пониска температура, додека поддржува висока енергетска густина.

– Благодарение на најновите откритија, „Ел-џи“ е многу поблиску до воведување на целосно цврста технологија за батерии што нашиот опсег на батериите ќе го направи значително поразновиден, изјави извршниот директор на компанијата, Мјунг Хванг Ким.

Научниците велат дека во лабораторија, батеријата задржува околу 80 отсто од својот капацитет по 500 циклуси на полнење.

Клучни зборови

  • батерија
  • електромобили
  • силиконска анода
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk