Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БАРИЛА тужена за лажно рекламирање

22 окт. 2022 г.·2 мин читање·2641 прегледи

Следете не на Viber

Еден од најпопуларните брендови за тестенини, Barilla, се соочува со тужба, а сето тоа поради неточно рекламирање. Имено, медиумите јавуваат дека федерален судија пресудил дека Barilla, која е позната како „италијанска марка за тестенини бр. 1“, се води колективна тужба за лажно или погрешно рекламирање.

Иако компанијата потекнува како продавница за леб и тестенини во Италија, Barilla сега се наоѓа во Илиноис (САД). Тестенината се произведува во Ајова и Њујорк и не користи исклучиво италијанска пченица, па судијата пресуди дека клиентите може да бидат заведени со терминот „италијански тестенини“ да веруваат дека всушност купуваат производ произведен во Италија, кога тоа не е случај.

Во првичната жалба, Метју Синатро и Џесика Прост тврдеа дека брендирањето на тестенините на Barilla користело лажни, погрешни и измамнички практики на етикетирање. На сините кутии што ги користи компанијата пишува „Италијанска марка на тестенини бр. 1“ и ги прикажува зелените, црвените и белите бои кои го симболизираат италијанското знаме. Тужителите тврдеа дека производот е претставен да изгледа и да звучи автентично италијански, а во исто време „ги намалува трошоците и ги добива финансиските придобивки од производството во САД“.

Претставниците на компанијата Barilla не се огласиле во оваа прилика, пренесуваат медиумите, па останува да се види како ќе се надмине овој проблем, пренесе BizLife.

Клучни зборови

  • Barilla
  • тестенини
  • тужба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk