Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Македонските банки за првите три месеци од годината заработиле речиси 19 милиони евра

29 мај 2020 г.·2 мин читање·2119 прегледи

Следете не на Viber

Македонските банки во првиот кваратал од годинава заработиле 18,6 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Статистиката покажува дека корона кризата влијаела на профитот на банките, иако во овој кваратал учествува само месец март, кој половината беше зафатен со кризата. Па така во првите три месеци годинава во однос на истиот период лани заработувачката на македонските банки е помала за над 12 милиони евра, или лани истиот период го завршиле со добивка од 30,8 милиони евра.

Интересно е дека иако профитот на домашните банки е намален, нема значајни поместувања во приходите кои ги наплатиле од камати и провизии. Во превиот квартал од годинава само од камати и провизии од граѓаните и компаниите наплатиле 106,5 милиони евра или за 800.000 евра повеќе од истиот период лани. Така само од камати за три месеци годинава банките наплатиле 77,2 милиониевра од кои 41,5 милиони евра се од камати од домаќинствата. Додека пак истиот период лани наплатиле 78 милиониевра од камати од кои 39,7 милиони евра се камати од домаќинствата. Додека пак ако лани за трите месеци наплатиле 27,6 милиони евра одпровизии, годинава истиот период наплатата од провизии била поголема за речиси 1,7 милиони евра или вкупно наплатиле 29,3 милиони евра.

Статистиката на Народната банка покажува дека речиси целиот ќар завршил кај големите банки. Тие во првите три месеци годинава прикажале добивка од 24 милиони евра. Кај средните банки пак се продлабочила негативата која за прв пат ја прикажаа во последниот квартал на 2019 година. Така, средните банки сега отишле во минус од речиси 6 милиони евра, а малите кои претходни години бележеа минус сега се во добивка од 553.000 евра.

2020 година прв квартал:

-Добивка големи банки 24 милиони евра

-Добивка средни банки – 5,95 милиони евра

-Дoбивка мали банки 553.000 евра

Според билансот пак на банките во земјава кој го објавуваат на Македонската берза, од големите банки Стопанска Банка Скопје првиот квартал го затвори со профит од 8,9 милиони евра или за 100.000 евра повеќе од истиот период лани. НЛБ Банка оствари добивка од 6.8 милиони евра, додека Комерцијална банка прикажа добивка од 3,5 милиони евра.

Клучни зборови

  • банкарство
  • банки
  • извештаи
  • комерцијална банки
  • нлб
  • приходи
  • профит
  • шпаркасе
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk