Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Банкарскиот систем е здрав и стабилен, мерките на Народната банка дополнително ја зголемуваат отпорноста

27 јун. 2024 г.·3 мин читање·1553 прегледи

Следете не на Viber

Банкарскиот сектор ги задржа стабилност и сигурноста во работењето со подобрена солвентност, одржана ликвидност и добар квалитет на кредитното портфолио, се оценува во Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од годинава, кој го разгледа и усвои Советот на Народната банка. 

Стапката на адекватност на капиталот достигна ниво од 18,9%, кое е највисоко анализирано од 2006 година наваму. Подобрувањето на показателот произлегува од растот на сопствените средства на банките, најмногу заради реинвестирањето на добивките од минатата година. Повисоките показатели за солвентноста во голема мера се поттикнати и од повисоките регулаторни и супервизорски барања во врска со капиталот на банките, пред сѐ поврзано со заштитните слоеви на капиталот (противцикличниот и заштитниот слој на капитал за системските значајни банки) и капиталниот додаток утврден врз основа на супервизорска оценка.

Ликвидноста на банките се задржа на вообичаените задоволителни нивоа. Стапката на покриеност со ликвидност на банкарскиот систем изнесува 279,1%, што е значително повеќе од регулаторниот минимум (100%) и го потврдува задоволителниот обем на ликвидност со кој располага македонскиот банкарски систем.

Во првиот квартал од 2024 година, квалитетот на кредитното портфолио на банките се задржа, и покрај тоа што дел од показателите за изложеноста на кредитниот ризик забележаа зголемување, што се должи на методолошките промени кои се воведоа од почетокот на годината, со примената на новата Одлука за методологијата за управување со кредитниот ризик. Со новата Одлука се направи целосно усогласување со новата регулатива на ЕУ во овој сегмент. Стапката на нефункционални кредити на ниво на банкарскиот систем се зголеми за 0,3 проценти поени, што е ефект од поинаквиот методолошки пристап во определувањето на нефункционалниот статус на кредитната изложеност, а не на променетата кредитоспособност на клиентите

Во услови на подобрена солвентност, заедно со традиционално солидната ликвидност, билансите на банките продолжија солидно да растат. Депозитите од нефинансиските субјекти остварија солиден годишен раст од 9,1%, со забележителни поволни поместувања во рочните и валутните склоности на депонентите, при што долгорочните депозити го забрзаа годишниот раст на 28,3%, а депозитите во денари растеа двојно побрзо од девизните депозити. Кредитната активност на банките забележа годишен раст од 6,2%, присутен кај кредитите и кон домаќинствата и кон претпријатијата. 

На седницата се разгледа и Годишната информација за плаќањата во земјава во 2023 година и беше заклучено дека според податоците од банките со кои располага Народната банка, продолжи трендот на годишен раст на бројот на безготовински платежни трансакции за 12,4 %, при остварени 218 милиони платежни трансакции. Растот во значаен обем произлегува од посилниот раст на бројот на трансакции со платежни картички за 17,3%, со што нивното учество во вкупниот број безготовински трансакции достигна значителни 65,2%, при истовремено зголемување и кај вредноста на овие трансакции за 16,2%. Притоа, забележан е сѐ поголем број на плаќања со картички на физичките места на продажба (годишен раст од 18,0%), но продолжува и позитивниот тренд на пораст на плаќањата во е-трговијата (годишен раст од 11,3%).

Клучни зборови

  • банкарски сектор
  • извештај за ризиците
  • Народна банка
  • Совет на Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk