Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mkБизнис

Исчезнале 2 милијарди од банкарски сметки на германска фирма

19 јун. 2020 г.·2 мин читање·126 прегледи

Следете не на Viber

Акциите на германаската компанијата „Wirecard“ денес паднале за уште 35 проценти, по вчерашната објава на ревизорите на таа финансиско-технолошка група, која своевремено е сметана за ѕвезда на германскиот технолошки сектор, дека на сметката на компанијата недостасуваат 1,9 милијарди евра.

Хаотичната распродажба, започната вчера со падот на вредноста на акциите од дури 75 проценти, ескалирала денес бидејќи двата најголеми инвеститори се заканиле со судски тужби против “Wirecard” поради сметковдствениот скандал кој го довел во прашање опстанокот на ова еднаш високорангирана компанија за платен промет, објави „Фајненшл тајмс“.

Инвеститорот “Union Investment”, еден од 10-те најголеми акционери, се приклучил во фондот “DVS” кој се заканил дека ќе ја тужи компанијата која речиси две децении е сметана за успешна германска технолошка приказна.

“Wirecard”, со седиште во предградието на Минхен, обработува десетина милијарди евра трансакции на кредитни и дебитни картички годишно.

Скандалот избил вчера, кога било откриено дека недостасуваат 1,9 милијарди евра на ексроу сметките во две азиски банки.

Според Маркус Браун кој е главен извршен директор “Не може да се исклучи ни дека “Wirecard” станал жртва од големи размери”

Тој  во своето видео обраќање не кажал кој е осомничен дека ја извршил измамата, додека “BPI” и “BDO”, двете филипински банки, ги демантирале и тврдењата дека имаат било каква врска со “Wirecard”.

“”Wirecard” не е клиент на банката. Документот во кој се тврди дека “Wirecard” има сметка кај BDO е фалсификуван а фалсификуван е и потписот на службеник на банката”, навела банката “BDO”.

BMW ќе затвори 6000 работни места [ т у к а ]

Клучни зборови

  • Wirecard
  • измама
  • Маркус Браун
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk