Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БАЛКАНЦИТЕ МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ „АРГАТИ“ во Европа по бројот на работни часови

10 авг. 2024 г.·2 мин читање·1814 прегледи

Следете не на Viber

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела. Просечните работни часови неделно во Европа варираат во голема мера, особено земјите со поголем број на работници со скратено работно време пријавиле пократки просечни работни недели.
Минатата година, просечниот број на вистински неделни работни часови, според податоците на Евростат, на главната работа во ЕУ се движеше од 32 во Холандија до 44 часа во Турција
Според Анкетата за работна сила на Евростат, се опфаќаат вработени лица на возраст од 20 до 64 години во „главно занимање“ и вклучува целосно и скратено работно време.
Помалку богатите земји во Европа ( по БДП по глава на жител ) имаат тенденција да имаат подолги работни недели. На пример, луѓето на Балканот – вклучувајќи ги Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Романија – сите во просек работат над 40 часа неделно на нивните главни работни места.


Спротивно на тоа, оние во Холандија работат 32 часа неделно во просек. Во Австрија, Норвешка, Данска работат по 34 часа неделно. Оваа разлика меѓу Источна и Западна Европа не е нова. Податоците од 2008 година ги одразуваат главно истите трендови.
Друго откритие во Анкетата за работна сила е колку неделното работно време се разликува по занимање. Оние во земјоделството, шумарството и рибарството имаат најдолги работни недели (44 часа).


Кога се вкрстуваат двете збирки на податоци, се појавуваат некои корелации. На пример, во Турција и Србија, двете најдолго работни нации во Европа, речиси 20% од работната сила е вработена во земјоделството.
Слично на тоа, Босна и Романија исто така имаат приближно иста распределба (20%) од работната сила во земјоделството.

Клучни зборови

  • балкан
  • Европа
  • работни часови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk