Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Бафет заработил 120 милијарди долари од растот на акциите на Apple

6 јан. 2022 г.·2 мин читање·3934 прегледи

Следете не на Viber

Растот на вредноста на технолошкиот гигант Apple му донесе на Ворен Бафет, американски инвеститор и претседател на Беркшир Хатавеј, заработка од над 120 милијарди долари.

Како што потсетува Танјуг, Apple оваа недела ја надмина пазарната капитализација од три трилиони (илјада милијарди) долари.

Компанијата на Бафет почна да ги купува акциите на Apple во 2016 година, а до средината на 2018 година се здоби со пет отсто од акциите на производителот на iPhone, во вредност од 36 милијарди долари. Вредноста на уделот на Беркшир во Apple вртоглаво порасна до 2022 година и сега изнесува 160 милијарди долари бидејќи силниот раст на цената на акциите на технолошкиот гигант продолжува и во новата година.

„Без сомнение, ова е една од најуспешните инвестиции што Беркшир ги направи во последната деценија“, изјави за CNBC Џејмс Шанахан, аналитичар во Едвард Џонс.

Покрај заработката од огромниот скок на цената на акциите на Apple, оваа инвестиција беше профитабилна за Беркшир и поради големите дивиденди кои редовно ги добиваше во износ од околу 775 милиони долари годишно, во просек.

Уделот на Беркшир во Apple сега сочинува повеќе од 40 отсто од капиталното портфолио на конгломератот на Бафет, според InsiderScore. Беркшир е најголемиот акционер на Apple, надвор од индексната кошничка на добавувачи и средства со кои се тргува на берзата.

Клучни зборови

  • аппле
  • бафет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk