Анализа: Какви се бројките за иселените, новородените, учениците …
Статистичките податоци преку кои се мери демографската структура на населението се повеќе од катастрофални. Се случува она за што долго време се предупредуваше, дека ќе ни бидат бадијала и нови патишта и спортски сали и домашни и странски инвестиции ако останеме без народ. Податоците што ги анализираше порталот „Пари“ зборуваат дека се намалува бројот на живородени деца, дека се намалува бројот на запишани ученици, дека се тенчи континентот на работоспособно население… Сè на сè – застрашувачки демографски податоци!
Статистичарите забележаа голем пад на бројот на новородени деца во првиот квартал од 2024 година. Нивниот број бил 3.632 за разлика од првиот квартал од 2023 година кога имало 3.958 живородени деца или, пак, во однос на првиот квартал од 2022 година, кога тој изнесувал 4.338.
Квартални податоци за живородени деца
Овие податоци покажуваат дека трендот кој почна од поодамна само се продлабочува. Македонија веќе подолго време има проблеми со „топење“ на населението. Во 2009 година имало 23.684 новордоенчиња…