Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

22 ное. 2024 г.·2 мин читање·2182 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје“ и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за раст, развој и поголема конкурентност.

На двата одделни состанока со директорките на компаниите, Тодорка Ристовска од „Либерти АД Скопје“  и Марија Павловска Дуковска од „Макстил АД Скопје“, особено беше нагласена потребата од поддршка за обезбедување поволни услови за инвестиции, а се отворија и прашањата за главните предизвици со кои се соочуваат компаниите од металуршката индустрија, како што се глобалните промени на пазарите и зголемените барања за одржливост.

Зборувајќи за важноста на металуршкиот сектор во однос на целата економија, Азески потенцираше дека Комората ќе продолжи да биде партнер на компаниите во нивните заложби за развој и раст. Тој истакна дека металургијата е еден од најзначајните извозни сектори и Комората ќе ги засили напорите за обезбедување на мерки кои ќе го зајакнат извозот преку поддршка за нови инвестиции и подобрување на условите за работа.

„Макстил АД Скопје“ е македонски производител на челик со долга индустриска традиција, чијшто производствен процес е составен од Челичарница со електропечка, казанска печка и контилив како и Валавница за производство на топловалани дебели лимови. Компанијата е присутна на пазарите во повеќе од 40 држави, а мнозински сопственик на компанијата е DITH.

„Либерти АД Скопје“ има 480 вработени. Има годишен производствен капацитет од 750к тони ладновалан, 200к тони поцинкуван како и 77к тони пластифициран челик. „Либерти АД Скопје“ опслужува клиенти од градежната и општата индустрија низ Балканот и Југоисточна Европа.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • Макстил АД – Скопје
  • стопанска комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk