Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Азески во Брисел на средба со Жорж-Луи Бушез

22 фев. 2024 г.·2 мин читање·884 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, кој годинава е и претседател на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), Бранко Азески во Брисел имаше работен ручек со Жорж-Луи Бушез, претседател на владејачката партија Реформистичко движење (Mouvement réformateur-MR). Средбата се одржа во седиштето на партијата, каде присуствуваше и Марија Кумбароска, претставникот на Стопанската комора во Брисел.

На средбата се разговараше за неколку прашања, вклучувајќи ги и моменталните односи помеѓу Белгија како претседавач на Европската Унија и Балканските земји. Се констатира дека за бизнисите на двете страни е битно да се помогне на Асоцијацијата на балкански комори во земјоделието и во судството, за да не се изгуби драгоцено време во подготовките за отпочнувањето на преговорите.

Договорено е и организирање на средба помеѓу американските бизнисмени со потекло од Македонија и Бизнис советот на Балканскиот коморски инвестициски форум во Брисел во јуни, која ќе стане традиционален настан. Исто така, утврдена е соработка на инвеститорите од Бенелукс и Балканот.

Претседателот на Стопанската комора Азески му посака голем успех на претстојните федерални избори во Белгија и го покани да ја посети Македонија. На фотографиите од средбата се забележува зградата на Палатата на правдата во Брисел од 19 век, најголема во светот, која можеби ќе биде симболот на соработката помеѓу двата региона и во спортот бидејќи г. Бушез има свој фудбалски клуб.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • брисел
  • Жорж-Луи Бушез
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk