Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Азески на консултации кај компаниите за платформата за разговори со политичките партии

9 фев. 2024 г.·3 мин читање·4193 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска беше во посета на фабриката ПИ „Свислион“ ДОО Скопје. Оваа посета беше дел од неговиот ангажман за консултации со компаниите за платформата за разговори со политичките партии пред изборниот процес.

Во разговорот со генералниот директор на компанијата Александар Јањиќ, Азески ја истакна важноста на усвојување на платформа за дијалог со политичките партии, каде бизнис секторот ќе има можност да ги изрази своите ставови и приоритети за подобрување на економската клима во земјата.

Осврнувајќи се на некои од најсериозните предизвици пред кои стои државата, на состанокот беа дефинирани неколку приоритети. Мора да почне процесот на нормализирање во образованието, работата на државната администрацијата, правосудството и здравството кои се носители на основните функции на државата. На состанокот беше оценето дека државниот сектор треба да биде менаџиран исто како и приватниот и во делот на финансиите и во делот на кадровските политики.

Во разговорот беше истакната важноста од зајакнување на капацитетите на институциите и инспекциските служби и еднаква примена на законите за сите субјекти во државата. Дел од пораките беа насочени и кон мерките, како што е зголемување на минималната плата, која како политичка одлука создава притисок во работењето на компаниите и ја намалува нивната конкурентност. Излезот од ваквата состојба компаниите го гледаат во автоматизација на процесите и намалување на бројот на вработени, што пак од друга страна повлекува намален прилив во државните фондови за пензиско и за здравствено осигурување.

Зборувајќи за работењето на „Свислион Агроплод ДООЕЛ Ресен“, каде 80% од граѓаните од тој град се вработени во фабриката, Јањиќ ја истакна важноста на регионалниот развој и зголемувањето на инвестициите како два важни аспекти за поголем економски раст во земјата.

Од состанокот беше испратена и порака до учесниците во изборниот процес, да го земат предвид апелот на бизнисот, кој е единствената кохезиона структура во државата.

Компанијата ПИ СВИССЛИОН ДОО е извозно ориентирана компанија, со извоз од 65% од производството. Брои 450 вработени, 300 во Ресен и 150 во Скопје.

Двете фабрики, СВИССЛИОН – АГРОПЛОД подружница Скопје и СВИССЛИОН – АГРОПЛОД Ресен, работат по SL технологијата, која е симбол и гаранција за врвен квалитет, тоа е модерна и автоматизирана технологија за производство на природна и здрава храна со контролирано потекло на суровините, која резултира во квалитетни производи со совршен вкус.

Клучни зборови

  • Александар Јањиќ
  • Бранко Азески
  • Свислион Агроплод ДООЕЛ Ресен
  • Стопанската комора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk