Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АЗЕСКИ НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО РАМКИТЕ НА БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС: Заедничкиот регионален пазар и климатската акција – топ теми

20 сеп. 2024 г.·2 мин читање·368 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес – Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ“, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

Бизнис форумот оваа година се фокусира на две клучни теми – Заедничкиот регионален пазар и на подобрување условите за инвестирање, како и на енергетската и климатската акција со посебен фокус на ефектите на Механизмот за регулирање на прекуграничните емисии на јаглерод (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM). Азески ќе има свое обраќање со осврт на зелената трансформација како потенцијал за економиите од западен Балкан.

Настанот ќе го отвори Роберт Хабек, германски вицеканцелар и министер за економски прашања и климатски акции, а учество на Бизнис форумот, покрај Азески ќе имаат и шетмината министри за економија од Западен Балкан.

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива за меѓувладина соработка, насочена кон ревитализација на мултилатералните врски помеѓу Западен Балкан и дел од земјите-членки на ЕУ, како и за подобрување на регионалната соработка на Западен Балкан за прашањата на инфраструктурата и економскиот развој, покренат под покровителство на канцеларката Ангела Меркел.

Берлинскиот процес се одвива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и земји-членки на ЕУ кои се вклучени во процесот – Австрија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, Полска, Словенија,  Франција  и Хрватска.

Со годинешниот самит во Берлин ќе се заокружи десетгодишниот циклус на оваа иницијатива.

Клучни зборови

  • Бранко Азески
  • Стопанската комора на Северна Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk