Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

8 окт. 2025 г.·3 мин читање·1634 прегледи

Следете не на Viber

Во просториите на ЕВН Македонија вчера се одржа работна посета на австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, г-ѓа Клаудија Плаколм.

Во делегацијата присуствуваа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, г-ѓа Сања Божиновска, како и Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во земјава, со претставници од амбасадата.

За време на посетата, гостите имаа можност да се запознаат со достигнувањата на ЕВН Македонија во изминатите години, со посебен акцент на инвестициите, развојот и современите дигитални решенија. Во рамки на турата низ компанијата, посебен интерес предизвика посетата на диспечерскиот центар – централната точка за дигитално управување со дистрибутивната мрежа на национално ниво.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер, во својот поздравен говор истакна дека законите и регулативите што се креираат во новоформираното Министерство за енергетика се навистина напредни и во целост усогласени со Европскиот пазар, што ја позиционира Македонија на Европската енергетска мапа и покрај тоа што не е членка на ЕУ.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, нагласи дека ЕВН Македонија може да послужи како пример за тоа како една странска компанија треба да соработува со државните институции, инвестирајќи не само во својата дејност, туку и во општеството.

Австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, г-ѓа Клаудија Плаколм, изрази задоволство од посетата и истакна дека е позитивно изненадена од синергијата меѓу приватниот и јавниот сектор, како и од начинот на кој институциите во земјата создаваат услови за поддршка и просперитет на компаниите, посочувајќи ја соработката меѓу Министерството за енергетика и ЕВН како позитивен пример.

Во рамки на посетата беше истакната и долгогодишната соработка меѓу Австрија и Северна Македонија во областа на енергетиката, која претставува пример за успешна размена на знаење, искуства и добри практики. ЕВН Македонија, како дел од австриската EVN групација, останува посветена на инвестирање во модернизација, дигитализација и одржлив развој, со јасна цел – сигурна, ефикасна и зелена енергетска иднина за сите корисници

Клучни зборови

  • ЕВН Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk