Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Австрија заплени 26 возила на Амазон поради даночен долг

27 мај 2021 г.·2 мин читање·1864 прегледи

Следете не на Viber

Австриските власти сериозно си ја сватија својата работа и без страв од големите корпорациски гиганти, запленија 26 возилата поради даночен долг на Амазон.

Минатата година, во февруари, финансиската полиција изврши инспекција во новоотворениот дистрибутивен центар на Амазон во Грозеберсдорф и по тој повод беа откриени 130 прекршувања на законот кај 130 логистички претприемачи, како што е неплаќање на обврските кон општеството.

Во работењето на Амазон не пронајдоа никакви неправилности, што не е нешто неочекувано, бидејќи во дистрибутивниот центар што се наоѓа во тој гигант, ангажирани се неколку менаџери, а министерот за финансии на Австрија Гернот Блумел истакна дека „претприемачката одговорност нема да застане на рампата за испорака на стоки “.

Утврдено е дека само една компанија што доставува пакети за Амазон направила 48 прекршувања на законот и на финансиските обврски, а поради неплаќање на казните, настанале трошоци во износ од 358.000 евра. Бидејќи компанијата не ги исплатила парите, финансиските власти спровеле детално испланирана акција.

Утврдено е дека сите возачи на компанијата редовно ги оставале своите автомобили на паркингот во близина на дистрибутивниот центар Амазон. Токму на тој паркинг, Министерството за финансии извршило заплена на 26 делумно нови, мали камиони и комбиња. Покрај тоа, и Амазон испрати барање да бидат запленети сите средства на компанијата чиишто возила биле запленети.

Клучни зборови

  • Амазон
  • заплена на возила
  • Финансиска полиција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk