Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

49% од Австријците сакаат да работат 30 саати неделно

12 авг. 2020 г.·2 мин читање·67 прегледи

Следете не на Viber

Речиси половина од вработените Австријци (49 отсто) сметаат дека работната недела треба да изнесува 30 часа, додека 23 проценти се за 35 часа, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе порталот „karriere.at“.

Околу една петтина, односно 18 проценти, се изјасниле за актуелната работна седмица од 40 часа. За работна недела од 20 часа се изјасниле само 10 проценти од испитаниците. Меѓу работодавачите, дури 60 проценти гласале за работна недела од 30 часа, за актуелната, 40-часовна недела се само 12 отсто, додека намалување на 35 часа неделно поддржува секој петти работодавач.

Корона-кризата направи многу работодавачи пофлексибилни, констатираше Томас Олбрих од karriere.at. Тој вели дека тоа што вработените сакаат покуса работна недела не значи дека не сакаат да работат, туку напротив, сакаат покрај главната работа да се занимаваат и со некои самостојни проекти.

На политичко ниво, лидерката на Социојалдемократската партија Памела Вагнер веќе подолго време се залага за работна недела од четири дена, што досега беше одбивано од Стопанската комора. – Тој модел е модерен, овозможува поголема флексибилност и за претприемачите и за вработените, аргументира таа.

Клучни зборови

  • австрија
  • работни саати
  • работни часови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk