Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Авганистан располага со нафта, гас, литиум, бакар, скапоцени камења, а стапката на раст била околу 9 проценти

19 авг. 2021 г.·3 мин читање·868 прегледи

Следете не на Viber

Милитантната исламистичка организација на Талибанците ја окупираа целата територија на Авганистан во текот на викендот, а прашањата што ќе се случи со економијата на оваа земја сигурно не се на прво место, но тие неизбежно ќе бидат поставени.

Економијата на Авганистан е „обликувана од кревкоста и зависноста од помошта“, а економските перспективи за тоа сега изгледаат уште понеизвесни. Ова е загрижувачка анализа направена од Светска банка неколку месеци пред преземањето на талибанците.

Авганистан има значителни минерални суровини, но политичката ситуација ја попречува нивната експлоатација, пишува Би -Би -Си.

Зависноста од помошта е јасна – во 2019 година, податоците на Светска банка покажуваат дека помошта за развој е еквивалентна на 22 проценти од бруто националниот доход.

Тоа е голема бројка, но тоа е далеку од 49 проценти што беше 10 години порано. Сега овие текови на помош се под облак од длабока неизвесност.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, минатата недела рече дека земјата „нема да даде цент доколку Талибанците ја преземат земјата и воведат шеријатски закон“. Останатите донатори сигурно ќе помогнат внимателно да се следат случувањата.

Тешкотии со корупција

Кршливоста на која се повикува Светска банка не се однесува само на безбедноста, туку и на сериозни проблеми со корупцијата, а проблемот се и многу слабите инвестиции.

Според Обединетите нации, во последните две години немало најави за нови „гринфилд“ инвестиции, во кои е вклучена странска компанија која ја започнала работата од нула. Од 2014 година, има вкупно четири.

Светската банка го опишува приватниот сектор во Авганистан како недоволно развиен.

Вработувањето е концентрирано во земјоделството со ниска продуктивност: 60 проценти од домаќинствата остваруваат некаков приход од земјоделството, пренесува БИЗлајф.

Земјата има проблеми и со нелегални активности во рударството, производство на опиум и слични активности, како што е шверцот. Трговијата со дрога беше важен извор на приход за Талибанците.

Минерално богатство

Генерално, авганистанската економија расте од 2001 година. Просечниот годишен раст е повеќе од 9 проценти во 10 години од 2003 година, по што забави и падна на просечна стапка од 2,5 проценти помеѓу 2015 и 2020 година.

Постојат неколку видови минерали достапни во значителни количини, вклучувајќи бакар, кобалт, јаглен и железна руда. Има и нафта и гас и скапоцени камења.

Еден со особено впечатлив потенцијал е литиум, метал што се користи во батерии за мобилни уреди и електрични автомобили.

Што се однесува до минералното богатство, имаше навестувања дека Кина сака да се вклучи, но клучно прашање за сите потенцијални инвеститори – од Кина или од кое било друго место – ќе биде дали Талибанците ќе бидат поспособни од претходната авганистанска влада да создадат соодветна средина.

Друг фактор што најверојатно ќе влијае на економијата е вработувањето на жените, пренесува Би -Би -Си.

Исто така, постои голема неизвесност за финансиската стабилност во блиска иднина. Многу луѓе се обидуваат да ги повлечат своите пари од банките.

Авганистанскиот исламски печат со седиште во Пакистан објави дека портпаролот на Талибанците им гарантирал на сопствениците на банки, менувачи на пари, трговци и сопственици на продавници дека нивните животи и имот ќе бидат заштитени.

Но, клиентите исто така треба да чувствуваат дека нивните пари се безбедни, и тоа нема да се случи брзо, пренесува BIZlife.

Клучни зборови

  • авганистан
  • гас
  • економија
  • литиум
  • нафта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk