Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Аутомакедонија со електричен автобус, вовед во урбаната електромобилност

7 окт. 2022 г.·3 мин читање·1300 прегледи

Следете не на Viber

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус – Isuzu NovoCITI Volt и во Македонија. NovoCITI VOLT се возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а завршниот настан се случува денес во главниот град, со презентација на NovoCITI VOLT пред локалните оператори и претставниците на бизнис секторот. Возејќи се во овие 7 града и 23 населби од нивната непосредна околина, повеќе од 2000 граѓани имаа можност “од прва рака” да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.

Во рамки на промотивната тура, Аутомакедонија и NovoCITI Volt ја поддржаа и еколошката акција “Куманово мој зелен дом”, организирана од страна на Општина Куманово. Во оваа акција беа посадени дрва кои ќе пораснат во нови бели дробови на градот, а NovoCITI VOLT со своите 0% емисија на CO2 придонесе превозот да биде 100% еколошки и без никакво загадување на околината.

Со својот електричен мотор и импресивниот дизајн, NovoCITI VOLT претставува најкомпетентно решение на пазарот кога станува збор за 0% емисии, ниска бучава и модерен концепт, кои се највисоко рангирани меѓу општинските приоритети во градскиот јавен превоз.

Локалните власти и операторите можат да ги искористат предностите на богатата палета на достапни опции на NovoCITI VOLT во зависност од нивните оперативни барања. Високо маневрирачки со должина од 8 метри, NovoCITI VOLT е лесен за оперативна примена дури и во најурбаните градски средини. Голема предност која го издвојува NovoCITI VOLT се ниските оперативни трошоци и максималната ефикасност. Покрај бенефитите за операторите и локалните власти, NovoCITI VOLT им обезбедува пријатно возење на патниците со својата пространа и удобна внатрешност и комплетната бесшумност. Опсегот на Volt достигнува до 350 km благодарение на своите батерии со високи перформанси со капацитет од 268 kW, што го прави сериозен конкурент и во меѓуградскиот транспорт на патници.

Иднината на градскиот и меѓуградскиот транспорт е тука – Isuzu Novociti Volt!

Компанијата Аутомакедонија оваа година го прославува своето 75 годишно постоење на нашиот пазар. Со обележувањето на овој значаен јубилеј, Аутомакедонија воедно ја истакнува и својата стратешка определба за обезбедување на комплетна поддршка на електричната мобилност во сите сегменти на автомобилската индустрија, обезбедувањето на соодветна инфраструктура и фокус кон обновливи извори на енергија.

Клучни зборови

  • DEMO TOUR 2022
  • Аутомакедонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk